• среда, 13 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, дали ги прикрива барањата за амнестија

СДСМ: Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, дали ги прикрива барањата за амнестија

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - СДСМ денеска преку соопштение пораба од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да одговори, како што велат, за диловите со поранешниот претседател на партијата и екс премиер Никола Груевски. 

-Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се нагласува дека вистинскиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ е Груевски, а не Мицкоски.

-Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицкоски е толку нервозен. Политиката на блокада на Мицкоски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, реагираат од владејачката партија. ац/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан