• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: Мицкоски, странските инвестиции во 2024 се 90% реализирани од СДСМ

СДСМ: Мицкоски, странските инвестиции во 2024 се 90% реализирани од СДСМ

28 февруари 2025 

Премиерот кој секојдневно се кити со туѓи перја, кој не престана да фрла лопати на проекти и инвестиции реализирани од СДСМ, денес се обидува повторно да си присвои заслуги кои не се негови. 

Инвестициите во 2024 се резултат на работата на СДСМ и 90% од нив се целосно реализирани или договрени до фаза на реализација од СДСМ. Срамота е да се фали Мицкоски со нешто што не е негова заслуга, но тоа е одлика на оние кои освен манипулации немаат што да понудат. 

Единствена заслуга на Мицкоски во економијата е осиромашувањето на граѓаните, неспособноста да се справи со цените и инфлацијата која расте и игнорирањето на барањата за повисоки плати. 

Економиијата тоне откако Мицкоски ја води државата и тоа е факт кој го чуствуваат сите граѓани. Наместо да глуми обидувајќи се да ги покрие сите скандали, му порачуваме да се одважи и да почне реално да работи за луѓето, не за свои интереси.

СДСМ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан