• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски со ништо не може да ја покрие неспособноста на неговите градоначалници

СДСМ: Мицкоски со ништо не може да ја покрие неспособноста на неговите градоначалници
Скопје, 20 февруари 2022 
Наместо конструктивност, идеи и мерки, Христијан Мицкоски најавува нови блокади и деструкции во Собранието, на штета на граѓаните.
Мицкоски и денеска пропушти да одговори за сведоштвата на неговите некогашни сопартијци во предметот „Титаник“.
Уште еднаш Мицкоски потврди дека не му се важни ниту наставниците, ниту пензионерите, ниту граѓаните, тој сака со блокади да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници.
На локално ниво градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што ги партизираат општините, во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ срамно ги блокираат измените на законот кој обезбедува повисоки плати во образованието и трајно вработување на 4.700 наставници и стручни соработници.
Ете тоа е учиникот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Партија секогаш против граѓаните, против интересите на државата.
Залудни се сите обиди за блокада на ВМРО-ДПМНЕ, законите кои се во интерес на граѓаните, ќе бидат донесени.
  Центар за комуникации со јавноста на СДСМ  Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.      

 

Остани поврзан