• вторник, 19 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски продолжува да работи спротивно на интересите на државата

СДСМ: Мицкоски продолжува да работи спротивно на интересите на државата
Скопје, 21 декември 2020  Докажаниот губитник Христијан Мицкоски по шест порази на избори, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Мицкоски шест пати паѓа на испитот пред граѓаните и редно е да ја научи лекцијата: Граѓаните му го свртеа грбот, не му веруваат затоа што е препознаен како извор на лажни вести, препознаен како единствен кој е на браникот на криминалот. Мицкоски и денеска ги промивира ставовите на Бугарија, со барањето за нов Договор со Бугарија, став што е сосема спротивен на нашите државни позиции и на директна штета на државните интереси. Може Мицкоски да бара алиби за изборните порази колку сака, може да се обидува да блокира и кочи колку сака, тој нема да успее да го закочи напредокот, нема да успее да ги закочи реформите важни за државата и граѓаните. Оачен е Мицкоски затоа што деструкцијата не му успева, затоа што неговите политики постојано се поразувани. Последен пример е вчерашниот обид на ВМРО-ДПМНЕ преку бојкот, преку опструкции да спречи носење на Буџетот за 2021 година во Собранието, кои не успеаја. И наместо да и се извини на јавноста, Мицкоски во очај се фали со илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и најавува нови блокади во Собранието. Со таквото однесување Мицкоски уште долго ќе биде во опозицијата затоа што граѓаните се напредок, за развој, за интерграција и нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат назад, во изолација и неизвесност. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан