• среда, 25 декември 2024

СДСМ: Мицкоски призна дека нема понуда за градоначалник на Град Скопје

СДСМ: Мицкоски призна дека нема понуда за градоначалник на Град Скопје

Скопје, 6 септември 2021

И самиот Мицкоски призна дека нема понуда за Град Скопје, свесен е за поразот што го чека низ цела држава.

Вечерва Христијан Мицкоски самиот си потврди дека нема понуда за Град Скопје па затоа мора да се затскрива зад наводна независна кандидатка.
И самиот Мицкоски е свесен дека го чека пораз на претстојните локални избори како во Скопје така и низ најголемиот број на општини.
Мицкоски може да блефира колку сака, факт е дека на неколку дена пред крајниот рок, има проблем да најде кандидати за градоначалници кои ќе се нафатат да го понесат извесниот пораз.
Тоа е така затоа што граѓаните знаат дека во понудата на Мицкоски покрај деструкции и лажни вести има стари истрошени кадри луѓе на Груевски кои биле дел од режимот.
Граѓаните и овој пат ќе застанат зад концептот на СДСМ кој е гарант да продолжат развојот на општините и напредокот на државата на секое поле.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан