• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: Мицкоски дејствува по наредба на Груевски, седницата на Извршен комитет е чиста фарса

СДСМ: Мицкоски дејствува по наредба на Груевски, седницата на Извршен комитет е чиста фарса
Скопје, 4 април 2022
Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади.
Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.
Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.
Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе.
Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан