• четврток, 19 декември 2024

СДСМ: Мицковски се крие и не дава одговори на јавно поставените прашања

СДСМ: Мицковски се крие и не дава одговори на јавно поставените прашања
Скопје, 29 ноември 2020
Цел ден Христијан Мицкоски се крие и не дава одговори на јавно поставени прашања. Наместо одговор, тој се уште се крие зад партиски соопштенија полни со гнев и омраза. Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал информацијата дека наводно се распарчува државата? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се подготвува нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? За кои центри и чии интереси одработува Мицкоски? Наместо да се затскрива зад соопштенија од белиот двроец, Мицкоки треба да покаже минимум одговорност да излезе пред граѓаните и да даде одговор на овие прашања.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан