• сабота, 28 декември 2024

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

Скопје, 17 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат.

Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.

Каква врска има физичкото образование, Кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?

Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност.

Нити има свежи кадри нити професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите.

СДСМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан