• вторник, 12 ноември 2024

СДСМ и ЦДУ потпишаа меморандум за соработка

СДСМ и ЦДУ потпишаа меморандум за соработка

Скопје, 5 април 2024 

Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потпиша меморандум за соработка со претседателот на Централна Демократска Унија, Рикардо Сали, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители кои ја делат визијата за европска и просперитетна иднина. 

Со потпишувањето на меморандумот за соработка, СДСМ и ЦДУ заеднички ќе работат на креирање политики и спроведување мерки кои се од интерес на граѓаните и исполнување на стратешката цел - членството на Северна Македонија во ЕУ. 

Воедно, со потпишувањето на меморандумот, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните, се потврдува соработката помеѓу СДСМ и ЦДУ која има за цел обезбедување на европски стандарди и креирање и спроведување одржливи јавни политики со кои ќе се обезбеди просперитет за граѓаните и државата.

СДСМ и Коалицијата за европска Македонија се залагаат и активно придонесуваат кон развиена и европска држава. Европскиот пат е единствениот пат кој може да донесе промена во Северна Македонија и да ја претвори надежта во реалност. 
Нема откажување од иднината!

СДСМ

фото: СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан