• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Инсталирани 600 мегавати од обновливи извори

СДСМ: Инсталирани 600 мегавати од обновливи извори

Скопје, 18 февруари 2024

Успешните енергетски политики на СДСМ даваат резултати.

Во изминатите две години имаме најголемо инвестирање и најмногу обновливи извори на енергија кои што произведуваат електрична енергија.

До 2016 година во време на владата на ДПМНЕ имало само 16 мегавати инсталирани обновливи извори на енергија.

Само во изминатите две години во мандатот на СДСМ се исталирани 600 мегавати обновливи извори на енергија, кои може да снабдуваат околу 170 илјади домаќинства со струја.

Одговорните енергетски политики на СДСМ, спроведувањето на енергетската транзиција доведоа до стабилност на цената на електричната енергија и враќање на евтината дневна тарифа на струјата за граѓаните.

СДСМ продолжува со спроведување на енергетската транзиција и инвестиции во енергетиката, за ефикасен и одржлив енергетски сектор. 

Центар за комуникации на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан