• четврток, 19 декември 2024

СДСМ: Инвестираме во современа инфраструктура, но се грижиме и за ранливите граѓани

СДСМ: Инвестираме во современа инфраструктура, но се грижиме и за ранливите граѓани

Скопје, 19 ноември 2023

 

СДСМ инвестира во современа инфраструктура но се грижи и за ранливите граѓани.

Во изминатите четири години, изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални станови низ целата држава.

Најголемата социјална зграда, дом за 312 семејства, се наоѓа во општина Бутел.

Инвестиција вредна речиси 10 милиони евра на Владата на СДСМ, со единствена цел, да се помогне на деца без родители, на самохрани родители, лица со попреченост, на оние на коишто им е неопходен дом.

За СДСМ сите се важни, грижата за сите е важна.

Ако се направи споредба со времето на ДПМНЕ, вредноста на оваа зграда од 10 милиони евра е еднаква на 4 лава - споменици од Скопје 2014.


Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ.

СДСМ се грижи за подобар живот на граѓаните, ДПМНЕ за спомениците.СДСМ не сади палми и жални врби во Вардар, туку вложува во потребите на граѓаните.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Фото:МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан