• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

СДСМ: До каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Скопје, 29 март 2025

Поминуваат тешки денови од страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа 59 животи, а скоро 200 млади беа повредени.  Додека Македонија сè уште тагува, досега истрагата се води селективно. 

Јавноста сè уште нема добиено конкретни информации и одговори од надлежните институции:  Зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата? 

До каде е истрагата? До каде е најавеното проширување на истрагата со актуелни функционери и службеници?

Молкот на институциите е загрижувачки. 

Истрагата мора да одговори за тоа: 

Кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви?

Кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот?

Одговори и одговорност наместо селективност.

Обврска на државата е да ја каже вистината, да обезбеди правда за жртвите и нивните семејства и да спречи ваква катастрофа да се повтори.

Секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара. Без разлика на функцијата. Без калкулации. Без селективност, без заштита, буквално секој.

СДСМ

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан