СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита
- СООПШТЕНИЕ - СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома.
Скопје, 26 декември 2024
СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома. Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК.
Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.
Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат.
Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.
Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.
Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.
Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.
Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.
Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).
Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.
СДСМ бара итно:
1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.
2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.
3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.
Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба.
Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска - портпаролка
СДСМ: Неколку милиони евра е направен грабеж врз граѓаните со „кошничките“ на Мицкоски
Тоа е уште една измама. Нашиот народ вели, после свадба – тапани. Откако мерката со кошнички доживеа целосен дебакл а Мицкоски им дозволи на големите трговци да профитираат на грбот на граѓаните многу провидни и ефтини се изговорите кои сега ги пласираат. Не поминува оваа маниулација. Самата власт кажа дека нема основа да ги казнува трговиците, власта е таа што им дозволи да ги покачат цените.
Граѓаните многу скапо ги плаќаат погрешните политики на Мицкоски. Според нашите проценки, повеќе милиони евра е направен грабеж врз граѓаните во изминатиот период, токму заради оваа лоша политика на Мицкоски. Така да оваа штета веќе не може да се надомести. Луѓето се веќе осиромашени за новогодишните празници.
За шест месеци се живее полошо отколку во најголемите економски кризи, кога владата на СДСМ се грижеше за граѓаните. Целата оваа политика е апсолутно којашто е во интерес на бизнисот а не во интерес на граѓаните.
Прашањето е што им должеше Мицкоски на трговците што ги остави да ги пљачкаат граѓаните?
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.