• сабота, 28 декември 2024

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација
Скопје, 18 јуни 2022 Помпезно најавуваниот протест на ВМРО-ДПМНЕ издиша, граѓаните може да видат слаба посетеност и слаба организација. Наместо масовен протест како што најавуваше ВМРО-ДПМНЕ денеска пред владата дојдоа соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначлници на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во градовите во внатрешноста сведочат на откажани автобуси и комбиња за организиран превоз за што доказ се бројните видеа и фотографии објавени во медиумите и по социјалните мрежи. Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните. Граѓаните на Скопје, но и ширум државата, не го поддржаа Христијан Мицкоски и тоа е факт со којшто ќе мора да се соочи. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан