• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ го поздрави постапувањето на ДКСК за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

СДСМ го поздрави постапувањето на ДКСК за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - СДСМ денеска го поздрави брзото постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) која, како што велат, оформила предмет за случајот со судирот на интереси, непотизам и корупција поврзан со тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација.

- Повеќе од јасно е дека министерот Стефан Андоновски е вмешан и главен одговорен за овој случај. Чекорот на ДКСК е во вистинска насока, но сега е на ред Јавното обвинителство – правдата мора да биде задоволена, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека фактите се кристално јасни, бидејќи компанијата на сопругот на Клинчарова добила два тендера, а министерот Андоновски прво се обидувал да сокрие, а потоа и да ја оправда оваа скандалозна ситуација со апсурдни изговори.

Ова, како што истакнуваат од СДСМ, не е само судир на интереси, туку е очигледен случај на корупција.

Од СДСМ најавуваат дека во текот на денот ќе изнесат дополнителни докази кои ќе ѝ помогнат на ДКСК, но и на сите надлежни институции, во целосно расчистување на овој случај.

- Не постои никаков простор за различен исход – обвинение мора да следи. Тендерските мрежи на ВМРО-ДПМНЕ мора да бидат разобличени, а одговорните санкционирани. СДСМ нема да дозволи оваа афера да биде заташкана – секој чинител во оваа криминална мрежа мора да одговара пред законот! Очекуваме итно дејствување на Обвинителството, велат од СДСМ. дма/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан