• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Големите се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани

СДСМ: Големите се хипотеките на Мицкоски кон Камчев, затоа рипна да го брани
Скопје, 16 март 2021 На виделина исплива она што јавноста многу добро го знае, спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, осомничено лице сега во притвор, Орце Камчев. Тоа што Мицкоски рипна да го одбрани Камчев, покажува дека очигледно големи се  неговите хипотеки кон Орце. Му го додели Тони Менконоски, близок соработник на Мицкоски и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство. За целиот тој процес, Мицкоски, Менкиновски и ВМРО-ДПМНЕ правеа сѐ за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот. Самиот Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот Империја и против Законот за Јавно обвинителство. И покрај тоа што Камчев е осомничен во предмет каде што пари од касата на ВМРО-ДПМНЕ се одлевале за Никола Груевски да купи плацеви на Водно, Мицкоски упорно го брани. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Докажаниот губитник Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови. Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара и одговара пред законите. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан