• сабота, 23 ноември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за проблеми во Охрид создадени од Бакрачески

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува за проблеми во Охрид создадени од Бакрачески
1 јуни 2021 
 
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски дефинитивно е тотално изгубена во реалноста.
Последен доказ за тоа е денешното обвинување за патеката Студенчишко блато - Парк која е бетонирана токму од нивниот градоначалник Никола Бакрачески кој овој проект го најавуваше како еден од најважните, а денес се покажува како најпроблематичен.
Толку од познавањето на состојбата со Охрид од лицемерното и отсутно од реалноста ВМРО-ДПМНЕ.
По 11 години пустошоње, градби без план о, сквернување на историски објекти како Плаошник од страна на ВМРО-ДПМНЕ денес на оваа партија и пречи што се става ред на охридското крајбрежје.
Јавноста е сведок на уривање дивоградби, на расчистување на плажите и бреговите, на функционален колекторски систем, ставање ред и поредок во Охрид.
За разлика од неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата, институциите предводени од СДСМ продолжуваат со борба за зачувување на статусот на Охрид и охридскиот регион.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
_______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан