• недела, 24 ноември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема понуда на овие локални избори, сè се тоа стари кадри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема понуда на овие локални избори, сè се тоа стари кадри
Скопје, 23 август 2021 Со писма како од времето на неговиот ментор Никола Груевски, Христијан Мицкоски се обидува да им го чува стравот на неговите кандидати за градоначалници од извесниот пораз што ги очекува на локалните избори. Две третини  од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е под кривичен прогон за злоупотреби на службена положба, Мицкоски нема лице на чесност туку обратно. Се обидува да ги користи кандидатите како жртвени јагниња во нов изборен пораз. Мицкоски, тезата на Груевски слушајте што зборуваме, а не гледајте колку сме се збогатиле на ваш грб не поминува. Кога веќе зборува за куфери со пари, Мицкоски нека му се јави на неговиот шеф во Будимпешта и нека го праша како и со колку црни партиски пари ги купил парцелите на Водно. Ако веќе зборува за „комшии“ нека му се јви на неговиот коалиционен партнер Стевче Јакимовски да му објасни како изгледа тоа. Мицкоски може да блефира и да пишува писма колку што сака, ништо нема да му помогне да избега од нов изборен пораз. ВМРО-ДПМНЕ нема понуда на овие локални избори, сè се тоа стари кадри, луѓе на Груевски кои се посветени само на личните и партиските интереси, кои работат против интересите на граѓаните. Затоа на 17 октомври ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува нов силен пораз од граѓаните. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _______________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан