• вторник, 03 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кон Шилегов

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите кон Шилегов
Скопје, 6 септември 2021  Откако денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ги разобличи лагите на опозициската партија, најмалку што можат да направат од белиот дворец е да се извинат за сите лаги што во континуитет ги пласираа овие денови. Повторно, по кој знае кој пат пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и невистини да го сокрие фактот што нема никаква понуда за изборите. Очигледно е дека како и досега ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема конкретна програма, нема идеја, нема проекти за граѓаните на Скопје, па кампањата како и претходно ќе ја темели на конструкции, лажни вести и измислици. Токму заради таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шест пати беа поразувани од граѓаните, а ќе бидат поразени и на овие локални избори. На овие избори граѓаните одново ќе ги поразат лажните вести и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе потврдат дека Петре Шилегов и СДСМ се најдоброто за Град Скопје. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан