• четврток, 19 декември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не бега и да учествува во собраниската дебата за европскиот предлог

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не бега и да учествува во собраниската дебата за европскиот предлог
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ да не бега, туку да учествува во дебатата во Собранието за европскиот предлог, а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица и Алијанса за Албанците, кои не ум успеаја, соопшти СДСМ во реакција на прес-конференцијата на координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој побара претседателот на Собранието, Талат Џафери на Владата да и ја врати Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на земјава со Европската Унија. Според СДСМ, Собранието е место за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог и со ова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажува дека сака да избега од собраниската јавна дебата. - Тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите негови лаги и измислици, се наведува во соопштението на СДСМ. Според најголемата владејачка партија, со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен, а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес. - Пратениците од сите политички партии имаат одговорност да работат за граѓаните, а не за нечии туѓи интереси и да обезбедат европска иднина на државата со зачуван македонски идентитет, се додава во соопштението на СДСМ. Мицевски денеска на прес-конференција изјави дека Владата во Собранието пратила „само еден лист хартија“ и ги нема важните документи, што, според него, е „класична девастација и девалвација на Собранието и класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом“. сп/

Остани поврзан