СДСМ: Владата троши 400.000 евра за анкети за мерење рејтингот на Мицкоски, додека собира донации за жртвите од Кочани
- СООПШТЕНИЕ - Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети.

Скопје, 28 март 2025
Во време кога цела држава жали за загубата на 59 животи во Кочани, кога се собираат донации од граѓаните и фирмите за да им се помогне на семејствата на жртвите, Владата на Мицкоски и ДПМНЕ склучува договор вреден 400.000 евра за анкети.
Во време на тага и болка на народот, за власта биле најважни анкетите.
Toa што нема опрема за пожарникари, што нема доволно екипи не е приоритет, рејтинот на Мицкоски е приоритет.
Тендерот за испитување на јавното мислење кој тежи 400.000 евра го добива нивната омилена агенција Маркет Вижн.
Агенција која редовно спроведува анкети со кои убедува дека Мицкокси е најдобар политичар.
Граѓаните донираат, а Владата троши пари на себепромоција.
Додека работниците, лекарите и наставниците добиваат пониски плати од ветеното, додека пензионерите едвај врзуваат крај со крај, додека младите бегаат од државата – Владата има пари само за мерење популарност и политичка пропаганда.
Ова е бесчувствителност во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага за трагедијата. Ова е доказ дека за оваа Влада, приоритет не се луѓето, туку рејтингот.
Истата таа Влада вели дека нема пари за зголемување на плати, повисока финансиска поддршка за студентите, пари за субвенции на цените на струја и храна.
Власта нема пари за стипендија за младиот херој Јован, таа е обезбедена од приватници, ама има 400 илјади евра за анкети. Пари нема за ништо освен за рејтингот на Мицкоски.
Оваа набавка од 400.000 евра само потврдува дека се што ДПМНЕ објавува како наводен рејтинг е лажна слика, платена од граѓаните.
Целта е една – да се замајува јавноста. Да се манипулира народот, со добро познатите режимски методи за создавање лажна, извитоперена слика за реалноста.
Ова е пример за погрешниот систем којшто мора да се промени.
Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка
СДСМ: Ќе се дистанцира ли ВМРО-ДПМНЕ од Миленко Неделковски?
Додека Македонија се уште е во голема тага и болка поради трагедијата којашто се случи во Кочани пропагандните мегафони на ДПМНЕ шират навреди, клевети и говор на омраза на социјалните мрежи.
Дури и младите девојки и момци кои легитимно бараат правда и ресет на системот се навредувани со погрдни зборови и се жртви на таа препознатлива омраза на дпмевските мегафони.
Прашањето е дали ДПМНЕ се согласува со скандалозните навреди на Миленко Неделковски?
Дали ДПМНЕ ќе се дистанцира од Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза?
Во Македонија говорот на омраза е кривично дело казниво со закон, дефинирано во повеќе закони, така што во овој момент надлежните институции наместо да спијат треба да делуваат веднаш.
Впрочем, ваквите напади се дел од системот кој што треба да се промени. Затоа младите се на улица и затоа бараат промена којашто е непходна.
Одговор на прашање, Кристина Костова – потпретседателка
Костова: Наредната недела претседателот Филипче ќе повика на лидерска со предлог план
Како што најави и претседателот, во текот на следната недела ќе повика на лидерска средба во Собранието, со лидерите на најголемите политички партии, на којашто ќе го презентира план за се она што суштински треба да се направи за државата.
Линк до видео: https://youtu.be/QGaOoBV5NTo
Прес конференција на потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: СДСМ