• сабота, 16 ноември 2024

СДСМ: Владата нема решение - СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите

СДСМ: Владата нема решение - СДСМ ќе предложи вистински мерки за намалување на цените на производите

Скопје,4 ноември 2024


Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните.

Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти.  За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец. 

Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден.  Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ.

Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените. 

Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените.   СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот.


 Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан