• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Белиот дворец е синоним за криминал и нелегален имот, ВМРО ДПМНЕ се што има да достави до ДКСК

СДСМ: Белиот дворец е синоним за криминал и нелегален имот, ВМРО ДПМНЕ се што има да достави до ДКСК
Скопје, 25 октомври 2022 
 
Синоним за криминал, корупција и незаконски имот стекнат со пари украдени од граѓаните е Белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Судската пресуда Талир 2 докажа дека Белиот дворец е стекнат со злоупотреба на милионски суми, врз грбот на граѓаните. Деталниот урбанистички план три пати е менуван за ВМРО-ДПМНЕ да добие 12.000 квадратни метри за седиштето, а на местото на станбена зграда, да никне хотел.
Се докажа дека ВМРО-ДППМНЕ ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Кога зборува за имоти, ВМРО-ДПМНЕ прво нека погледне во своите редови и својот дворец.
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина поседува некакви информации за функционери кои не пријавиле имот треба да ги достават до надлежната институција - ДКСК, за понатамошно постапување.
Центар за комуникации со јавност на СДСМ 
_______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан