• четврток, 26 декември 2024

СДСМ: Без аргумнети ДПМНЕ не го одбрани расипничиот буџет во Комисијата

СДСМ: Без аргумнети ДПМНЕ не го одбрани расипничиот буџет во Комисијата

Скопје, 15 ноември 2024

Седницата на Комисијата за финансирање покажа дека ДПМНЕ нема аргументи и не може да го одбрани предложениот расипнички и гломазен Буџет кој освен нови долгови врз грбот на народот не нуди развој на економијата ниту покачување на платите.

Затоа има голема нервоза кај пратениците на ДПМНЕ.

За власта набавката на службени возила е поважна од зголемување на платите. Парите за службени коли се зголемени за 75% додека велат нема пари за поголема минималната плата за работниците.

Ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство кои се витални за квалитетен живот на граѓаните. За Мицкоски и ДПМНЕ услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите.

Власта ги намалува парите за енергетиката, нема државни проекти за модернизација на енергетските капацитети или нови инвестиции во енергетската ефикасност. Средствата за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо.

Мицкоски најавува гасна когенеративна централа за да се намали загадувањето а во Буџетот нема пари за тоа.

Власта е фатена и како прекршува Закон, Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. Фискалната политика на власта води кон уништување на финансиската стабилност на земјата.

Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.

ДПМНЕ нека си ја контролира нервозата, СДСМ ќе продолжи да ги изнесува аргументите во јавноста и во Собраниет и да се спротивставува на погрешните политики.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан