• четврток, 19 декември 2024

СДСМ: Апасиев глуми загриженост, а секој први во месецот си подигнува зголемената плата од 78 отсто

СДСМ: Апасиев глуми загриженост, а секој први во месецот си подигнува зголемената плата од 78 отсто

31 јули 2023 

Соопштение за јавност - реакција на соопштение на Левица

Додека Левица шири популизам и се однесува деструктивно, СДСМ преку Владата и Министерството за труд и социјална политика што ги преводи носи системски решенија за вистинска грижа за сите категории граѓани.


За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога пензиите се покачуваа линеарно и популистички без никакво усогласување, сега Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство предводено од Јована Тренчевска донесоа методологија со која пензиите се покачуваат два пати годишно следејќи го движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%. 


Од воспоставувањето на новата методологија до септември оваа година пензиите ќе бидат покачени за над 21%. Додека од 2017 година до сега минималната пензија се покачи за 46%. Според методологијата секој март и септември пензионерите ќе имаат повеќе пари на својата сметка!


Апасиев од удобната пратеничка фотелја секојдневно шири популизам, глуми загриженост за граѓаните, а на секој први во месецот и тој си подигнува зголемената плата од 78 осто. 


Апасиев како правник треба да знае дека одлуките на Уставниот суд не се коментираат.


Истовремено Владата работи на решение со кое ќе се надмине предизвикот за платите на функционерите со што ќе се изнајде прифатливо и одржливо решение. 


Додека антиевропската партија Левица не прави ништо за ниту една категорија граѓани, а нејзиниот лидер Апасиев секојдневно си принта маички, СДСМ во континуитет ги зголемува платите и пензиите, гради силна и развојна економија која носи нови и добро платени работни места.


 Скопје, 31 јули 2023

СДСМ
Центар за комуникации со јавноста

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан