• недела, 24 ноември 2024

СДА со поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател

СДА со поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател

Скопје, 17 март 2024

Странка на демократска акција на Македонија (СДА) денеска, во Скопје, одржа седница на Главниот одбор на партијата, во проширен состав, на која покрај претседателот на СДА, г-дин Џелал Хоџиќ, се обрати и Стево Пендаровски.

СДА на Македонија веќе одлучи да му даде поддршка на актуелниот Претседател на државата, г-дин Пендаровски, затоа што првиот свој мандат го одработи чесно, без ниту една афера, додека во неговите политики и одлуки покажа инклузивност, внимание за маргинализираните заедници, се водеше од демократските вредности, со посебен акцент за важноста на стратешките цели, членство на државата во ЕУ и НАТО.

За време на целиот мандат на Пендаровски како Претседател на државата имавме одлична комуникација и соработка за подобрување на положбата на бошњачката заедница, како и за политиките кои се од стратешки инетерс за државата. Немаме дилема дека ќе продолжиме со одличната соработка и во следниот мандат на г-дин Пендаровски.

СДА Македонија е убедена во победата на Пендаровски на престојните претседателски избори, како и победа на про-европските политички сили кои ќе ја составуваат следната Влада, по парламентарните избори.

Странка на демократска акција на Македонија

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Странка на демократска акција на Македонија

Остани поврзан