• петок, 27 декември 2024

СВР Тетово: За велосипедската лента општината двапати беше предупредна по што е покрената прекршочна постапка

СВР Тетово: За велосипедската лента општината двапати беше предупредна по што е покрената прекршочна постапка
Тетово, 17 ноември 2021 (МИА) - Тетовската полиција потврди дека има реагирано во Општина Тетово за незаконско поставување на столпчиња долж обележаната велосипедска лента со црвена боја, на булевар „Илинденска“, а кои денеска по налог на новиот градоначалник почнаа да се отстрануваат. Велосипедската лента беше поставена во април годинава во време кога градоначалничка беше Теута Арифи. Полицијата два пати испратила предупредувања, по што покренала и прекршочна постапка. -Секторот за внатрешни работи Тетово, во два наврати годинава, испрати соодветни писмени предупредувања законски да се регулира обликувањето на новата велосипедска патека во Тетово. И откако  адекватно не е постапено по двете предупредувања, СВР Тетово во април поднесе барање за покренување прекршочна постапка против правно и  одговорно лице, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Велосипедската лента долж булеварот „Илинденска“ во април стана предмет на исмејување преку социјалните мрежи, бидејќи беа оставени бетонски препреки на самата површина, кои подоцна беа отстранети. Потоа истата беше инфраструктурно оспособена и беше користена од велосипедистите.ас/свс/

Остани поврзан