• четврток, 19 декември 2024

СВР Струмица апелира до граѓаните да не се снабдуваат со огревно дрво без документација

СВР Струмица апелира до граѓаните да не се снабдуваат со огревно дрво без документација
Струмица, 11 август 2022 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните да не набавуваат огревни дрва без соодветна документација, бидејќи доколку во нивните дворни места бидат затекнати бесправно исечени огревни дрва и против нив ќе бидат преземени законски мерки. Во апелот стои дека СВР Струмица континуирано презема мерки за санкционирање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, па во првите 6 месеци од 2022 година, при преземање на такви мерки, се одземени 66 метри кубни бесправно исечени огревни дрва, 13 патнички моторни возила, 13 запрежни возила, еден трактор, две тракторски приколки и една приколка за патничко моторно возило, а поднесени се и кривични пријави против 9 лица кои вршеле вакви кривични дела. Се додава дека СВР Струмица и во иднина ќе продолжи со преземање на засилени мерки кон лицата кои вршат пустошење на шуми, повторно потсетувајќи дека ваквата појава е кривично дело и против сторителите кои ќе бидат затекнати при бесправна сеча на шуми ќе бидат поднесени соодветни пријави. рт/дма/

Остани поврзан