• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СВР-Охрид со низа превентивни предавања за децата и учениците од градот

СВР-Охрид со низа превентивни предавања за децата и учениците од градот

Охрид, 12 март 2025 (МИА) – Отсекот за превенција при СВР – Охрид во периодот од 3 до 11 овој месец реализираше повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.

Притоа пред ученици и наставници од наставничкиот совет при Електро-машинскиот училишен центар „Св.Наум Охридски“ се одржани типизирани едукативни предавања на тема „Безбедно користење интернет и дигитални платформи“. На тие средби низ инерактивна комуникација, покрај за позитивните страни на интернетот, е дискутирано за погрешните намени, форми на злоупотреба пред се на децата и младите, за облиците на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите.

Полициски службеници од Отсекот за превенција пред учениците од средното туристичко училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид  реализираа проект поврзан со препознавање и сузбивање на облиците на семејно насилство, а пред најмладите од детската градинка „Клон“, спроведоа типизирани разговори за „Заштита на децата во сообраќајот“.

На учесниците и слушатели на предавањата, им беа поделени и флаери со пригодни тематски совети и насоки. аб/са/

фото/СВР - Охрид

Остани поврзан