• среда, 25 декември 2024

СВР Куманово изврши увид на локации каде било запалено македонско знаме и биле испишани графити

СВР Куманово изврши увид на локации каде било запалено македонско знаме и биле испишани графити

Куманово, 19 јуни 2024 (МИА) - Кумановската полиција извршила увид на локации во близина на населбата  „Железничка станица“ каде биле испишани графити, било запалено македонското знаме и било поставено знаме на соседна земја, соопштија денеска од полицијата. Случајот во полицијата бил пријавен вчера, кога бил извршен и увид.

- Вчера во 16:28 часот во СВР Куманово било пријавено дека на објект на приватна фирма во близина на железничката станица биле испишани графити и било поставено албанско знаме. Исто така, од страна на полициски службеници од СВР Куманово било утврдено дека на барака на месна заедница спроти Железничката станица биле испишани графити и дека било изгорено државното знаме на Република Северна Македонија, информираат оттаму. 

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот. ам/сст/

Фото: МИА  архива

Остани поврзан