• четврток, 26 декември 2024

Свештеник кој поттикнувал проституција осуден на седум години затвор

Свештеник кој поттикнувал проституција осуден на седум години затвор
Рим, 22 октомври 2020 (МИА) - Италијански свештеник кој поттикнувал на проституција денеска е осуден на седум години затвор, јави АНСА. Отец Џовани Усаи, основач на центар за рехабилитација во малото гратче Арбореа на Сардинија, е осуден за сексуално насилство. Судот утврди дека свештеникот им дозволувал на девојки од Нигерија да се проституираат, наместо да ги чува. Прогласен е за виновен и затоа што и тој имал секс со нив. Девојките биле гости на заедницата, која првично е создадена за да им помогне на проститутките да го променат својот животен стил, но и да им помагаат на зависниците од разни супстанци. Отец Усаи рече дека ќе се жали на пресудата, откако пред судот тврдеше дека е невин. АНСА додава дека обвинителите велат дека тој знаел дека Нигеријките и младите жени се проституираат и дека профитирал од нивните сексуални услуги. паг/  

Остани поврзан