• вторник, 24 декември 2024

Свечља ги поврзува протестите во Белград со најавениот протест на ветераните на ОВК за денеска во Приштина

Свечља ги поврзува протестите во Белград со најавениот протест на ветераните на ОВК за денеска во Приштина

Приштина, 15 јули 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља денеска изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ ја губи битката на теренот во однос на премиерот Албин Курти, поради што се враќа на хибридната војна преку која, како што наведе, се обидува да поттикне немири во Косово.

Во таа смисла, тој се обиде да ги поврзе протестите против насилството во Белград со протестите на ветераните на ОВК денеска во Приштина.

„Чудно е како протестот (на ветераните на ОВК) да се организира в сабота, во исто време со протестот во Белград што се организира таму против Вучиќ“, напиша Свечља на Фејсбук.

Тој додаде дека денеска останува да се види дали граѓаните на Косово ќе го задржат „своето лично достоинство и положбата на државата или ќе паднат во оваа замка на хибридната војна на Србија“.

Свечља тврди дека Вучиќ го губи влијанието во северниот дел од Косово. зш/

Остани поврзан