• четврток, 26 февруари 2026

Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески

Свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески.

Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова. 

Пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска. мд/паг/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан