• сабота, 23 ноември 2024

Свечена Илинденска академија по повод две години Македонски Концепт

Свечена Илинденска академија по повод две години Македонски Концепт

Скопје, 1 август 2024

Македонски Концепт одржа Свечена Илинденска Академија по повод 2 години од своето постоење. На Свечената Илинденска Академија беа присутни мајки на починати бранители, премиерот Христијан Мицкоски, министри и коалициони партнери од коалицијата "Твоја Македонија".

Настанот беше одбележан со свечености како доделување свежо цвеќе на Мајките на Нацијата, говор одржаа двајца претставници на младата генерација активисти на Македонски Концепт, Самуел Наумовски Викиус, специјалист по глобални студии на Линаеус Универзитетот во Шведска и Васил Петровски, првенец на генерација дипломци по бизнис менаџмент и финансии на Кингстон Универзитетот во Лондон, Велика Британија, говор исто така одржа и претседателот на политичката партија Македонски Концепт, Проф. Д-р. Петар Богојески кој истакна дека се зафатиле за најтешкото, а тоа е да ги вратат младите назад во Македонија и дека ова е историски и клучен момент за државата и дека нема простор за грешки, дециден беше дека посветеноста на новата Влада за Нова Иднина на Македонија е приоритетна цел на која посветено работи партијата Македонски Концепт.

Центар за комуникации и aнализа на Македонски Концепт

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Македонски Концепт

Остани поврзан