• среда, 18 декември 2024

Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет Лимани и Камбовски пред Гаши

Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет Лимани и Камбовски пред Гаши

Скопје, 19 јуни 2024 (МИА) - Новоизбраните членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши. 

Судијата од Врховниот суд Исамедин Лимани и судијата од Апелационен суд Битола Александар Камбовски беа избрани на 6 јуни годинава откако судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје. За Лимани гласале седум судии, а Камбовски беше избран за член на Судскиот совет со вкупно освоени 28 гласа.

Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет. мд/аа/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан