• четврток, 26 декември 2024

Свечена академија по повод 30 години Македонски полициски синдикат

Свечена академија по повод 30 години Македонски полициски синдикат
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа учествуваше на Свечената академија по повод одбележувањето на јубилејот - 30 години  постоење на Македонски полициски синдикат (МПС), каде во поздравно обраќање во свое и во име на раководството на МВР на членовите на најрепрезентативната синдикална организација во рамки на Министерството им го честита јубилејот - три децении постоење, со желби за натамошни успеси како на професионален така и на личен план. - Триесет години зад вас почитувани синдикалци означуваат едно исклучително богато професионално портфолио на Македонскиот полициски синдикат во доменот на синдикалното работење и заштитата и подобрувањето на социјалниот статус на вработените во МВР. Затоа денес МПС со право претставува достоен и респектиран  партнер на раководството на Министерството, во креирањето на економско-социјалната, но и професионалната атмосфера во него, партнер без кого слободно и без претерување ќе потенцирам, скоро е неможно нормалното одвивање на процесите во Министерството, истакна министерот Спасовски. Тој нагласи дека очекувам и верува оти МПС ќе продолжи по веќе етаблираниот курс како кредибилен заштитник и поборник за синдикални и социјална права на сите вработени и дека сите заедно ќе продолжат со праксата на динамично подобрување на економскиот и професионален статус на сите вработени во МВР. На Свечената академија беа доделени свечени плакети на гости, партнери и соработници, меѓу кои и на министерот Спасовски му беше врачена Плакета за долгогодишно пријателство, поддршка и успешна соработка во унапредување на синдикализмот и синдикалното движење, како и легитимација и членска карта за почесен член на МПС. сп/

Остани поврзан