• сабота, 23 ноември 2024

Свечена академија по повод Националниот ден на Власите

Свечена академија по повод Националниот ден на Власите

Скопје, 23 мај 2024 (МИА) - Националниот ден на Власите - 23 Мај вечерва ќе биде одбележан со свечена академија што ја организира Организациски одбор за одбележување на Националниот ден на Власите.

Овој датум, како што наведуваат организаторите, е многу значаен за влашката етничка заедница.

- Власите, како што се водат во Уставот на Република Северна Македонија или Армãњ, како што самите се именуваат, се еден од најстарите народи на Балканот со свои јазик, култура и традиција. На овие простори живеат повеќе од два милениума и тоа најмногу во околината на планината Пинд, областа Епир и Тесалија и во источните делови на Албанија, се наведува во соопштението.

Од Организацискиот одбор потсетуваат дека од февруари 2007 година, Националниот ден на Власите - 23 Мај е прогласен за неработен ден за влашката заедница во државава. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан