• сабота, 06 декември 2025

Свечена академија во Куманово по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик

Свечена академија во Куманово по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик

Куманово, 5  мај 2025 (МИА) - Во организација на општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт, денеска во занаетчискиот дом во Куманово се одржа свечена академија по повод 5 Мај – Ден на македонскиот литературен јазик. На свеченото одбележување на 80-те години од кодификација на македонскиот јазик се обрати кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој зборуваше за исторските предизвици и воздигнувањето на македонскиот јазик, неговото вековно опстојување.

- Имаме обврска да ги користиме нашите посебности како предност. Да си го чуваме јазикот и да ја сочуваме државата. Доколку не го сочуваме нашиот јазик, ќе ја немаме Македонија. За жал, во 21 век гледаме како доаѓаат барања во во континуитет со кои се обидуваат во рамките на нашиот евроинтегративен пат да го оспорат нашиот идентитет, но забораваат на нашата македонска генеза, дека таа не е создадена преку ноќ, туку е резултат на генерациите остроумни преродбеници, рече меѓу другото Димитриевски.

Присутните имаа можност да проследат торби од учениците, посветени на денешниот значаен ден. На присутните им се обрати и претседателката на советот на општината, инаку и професор по македонски јазик Ивана Ѓорѓиевска.

- Со дефинираните правила јазикот беше внесен во јазичната карта на светот и стои рамо до рамо со светските јазици, се изучува на признаените универзитети. На овој јазик објавени се безброј лингвистички трудови. Негаторите на јазикот не се свесни на каков тврд орев наишле, рече Ѓорѓиевска.

Преку видео врска, во чест на Денот на македонскиот литературен јазик, се обратија проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошки факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Венко Андоновски од Филолошки факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Маја Јакимовска – Тошиќ од Институт за македонска литература.

Професорите за загрижени за употребата на странски зборови, но додаваат дека обврска на сите е да се испрваат младите за употребата на литературниот јазик.

- Дожни сме да го зборуваме, должни сме да коригираме. Станува збор за жива материја, но тука сме ние да се го препорачитаме правописот, да ја разгледаме граматиката, да се консултираме, рече професорката по македонски јазик, Фросина Додевска.Директорот на Фондацијата Марио Арангеловски рече дека досега оваа е најмасовната организација на 5 мај со учество на ученици, професори, стручни лица.

Во рамките на културно – уметничката програма ученици од општински основни и средни училишта и детскиот хор при УОМО „Панче Пешев“ интерпретираа творби од значајни автори на македонската литература и познати музички нумери. ам/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан