Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице
- „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече Макрон во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Торонто, 11 февруари 2026 (МИА) - Меѓународните лидери испратија пораки на сочувство и солидарност до Канада по смртоносната пукотница во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во која загинаа најмалку 10 лица, а десетици се повредени.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“.
„Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече Макрон во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека е шокиран и тажен од веста за нападот.
„Моето искрено сочувство до сите Канаѓани погодени од овој ужасен настан“, рече тој.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека е длабоко потресен од пукотницата.
„Нашите мисли се со луѓето од Тамблер Риџ додека тие тагуваат по своите семејства, пријатели и најблиски. Им посакувам на повредените брзо закрепнување“, рече Мерц.
Во средното училиште во градот Тамблер Риџ, Британска Колумбија, се случи пукотница, во која се убиени десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а најмалку 25 лица се повредени.
Граѓаните на Тамблер Риџ напаѓачот го идентификуваа како 18-годишно трансродово лице и поранешен ученик во тоа училиште, Џеси Стренг.
Полицијата објави дека вооруженото лице е пронајдено мртво на самото место со самонанесени повреди, објави порталот „Вестерн стандард“.
Според локалните жители, кои разговараа со медиумите, Стренг наводно ги убил својата мајка и помладиот брат, кои биле добро познати во заедницата, пред да пристигне во училиштето.сд/јт/
Фото:Икс