• петок, 27 декември 2024

Светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, во посета на Крушево по повод изградба на велосипедски патеки

Светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, во посета на Крушево по повод изградба на велосипедски патеки
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Информациите и заклучоците од посетата на тимот експерти од GFC Sports Management AG по повод изградба на велосипедски патеки во Крушево, ќе бидат претставени денеска. Прес-коференцијата на која ќе присуствува Швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, како и претставници на Велосипедската Федерација на Македонија и велосипедската заедница, ќе се одржи на терасата на Хотел Панорамика во Крушево, од 15 часот. Тимот од Швајцарски експерти на компанијата GFC Sports Management AG, предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, ќе остварат неколкудневна посета на Крушево со цел анализа на потенцијалот и план за градење на велосипедски патеки на терените во Крушево. Иницијативата за изготвување на велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам е на Ски центарот Панорама и Хотел Панорама Спа Крушево, со цел дополнување на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево, а се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка. ар/дма/

Остани поврзан