• сабота, 23 ноември 2024

Светскиот рекет број 1 Швјонтек елиминирана во третото коло на турнирот во Торонто

Светскиот рекет број 1 Швјонтек елиминирана во третото коло на турнирот во Торонто
Торонто, 12 август 2022 (МИА) - Полската тенисерка Ига Швјонтек која е првопласирана на ВТА-листата, загуби во третото коло на турнирот во Торонто. Таа синоќа во три сета загуби од Бразилката Беатрис Хадад Маиа. Бразилката го доби првиот сет со 6:4, Швјонтек возврати во вториот со 6:3, а во решавачкито трет сет беше 7:5 за Маиа. Мечот траеше три часа и една минута. Следен противник на Маиа ќе биде победничката од мечот меѓу Белинда Бенчиќ и Гарбине Мугуруза. Наградниот фонд на ВТА турнирот во Канада изнесува 2,5 милиони долари. зс/

Остани поврзан