• четврток, 05 март 2026

Светскиот број еден, Сабаленка, ја објави својата свршувачка

Светскиот број еден, Сабаленка, ја објави својата свршувачка

Бризбејн, 4 март 2026 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Атлетичарката е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис од 2024 година.

Светскиот рекет број на своите социјални мрежи соопшти дека ја прифатила понудата за брак.

- Ти и јас, засекогаш - напиша Сабаленка.

Белорусинката во текот на својата кариера освои четири Гренд слем турнири. Дваесет и седумгодишната Сабаленка има 22 титули во поединечна конкуренција.

Во сезоната 2026, Арина го освои турнирот во Бризбејн и стигна до финалето на Отвореното првенство на Австралија, каде што загуби од Казахстанката Елена Рибакина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан