• четврток, 26 декември 2024

Светска метеоролошка организација: Нивото на емисии на штетни гасови достигна нов рекорд

Светска метеоролошка организација: Нивото на емисии на штетни гасови достигна нов рекорд

Њујорк, 29 октомври 2024 (МИА) - Во 2023 година нивото на емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина достигна нов рекорд, поради што температурите на нашата планета ќе растат уште многу години, се вели во најновиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО). 

Јаглерод диоксидот (CO2) се акумулира во атмосферата побрзо отколку во кое било време од човековото постоење и се зголемил за повеќе од 10 проценти за само две децении, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на СМО.

Како што е наведено, за ова придонеле емисиите на CO2 предизвикани од големите шумски пожари, како и можното намалување на јаглеродот апсорбиран од шумите, во комбинација со високите нивоа на емисии на CO2 од фосилните горива. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан