• среда, 25 декември 2024

Светската федерација на глуви задоволна од достапноста на информациите за јавното здравство до глувите лица

Светската федерација на глуви задоволна од достапноста на информациите за јавното здравство до глувите лица
Скопје, 15 април 2020 (МИА) - Светската федерација на глуви со задоволство истакнува дека пристапот до важните брифинзи за јавно здравство од страна на владини претставници стануваат достапни на националните знаковни јазици во многу земји низ целиот свет. - Идентификувавме повеќе од 80 земји со толкување на знаковниот јазик на прес-конференциите поврзани со пандемијата на Ковид-19, наведува Светската федерација на глуви, објавувајќи фотографии од прес-конференции на официјални владини и државни претставници, меѓу кои и од Република Северна Македонија. Во тој контекст, глувите лица и толкувачите во нашата држава велат дека пристапноста до информации за глувите обезбедени од државните институции, никогаш не биле на вакво високо ниво како сега. сп/

Остани поврзан