• среда, 25 декември 2024

Светската програма за храна во јануари ја завршува својата главна програма за Сирија

Светската програма за храна во јануари ја завршува својата главна програма за Сирија

Бејрут, 5 декември 2023 (МИА) - Светската програма за храна на ОН (WFP) соопшти дека во јануари ќе ја прекине својата главна програма за помош на населението во Сирија, земја разурната од над децениската војна, каде што повеќе од 12 милиони луѓе немаат редовен пристап до храна.

Во последниве години, WFP ја намали својата поддршка за Сирија и соседните земји кои примија милиони Сиријци, бегајќи од 13-годишниот конфликт.

Хуманитарните агенции се борат да го пренасочат вниманието на светот кон Сирија, бидејќи има замор кај донаторите и намалени буџети.

WFP во јули годинава соопшти дека поради буџетските ограничувања мора да ја намали помошта за Сирија и неа место 5,5 милиони погодени лица ја добиваат само околу половина од наведената бројка.

Еден месец подоцна, агенцијата ја прекина помошта за сириските бегалци во Јордан.

WFP и Агенцијата на ОН за бегалци во ноември соопштија дека од следната година за една третина ќе го намалат бројот на сириски бегалци во Либан кои ќе добиваат финансиска помош.

Во својата најнова изјава во петокот, WFP истакна дека намалувањето на помошта се случува затоа што несигурноста во испораката на храна е „полоша од кога било“ и проценува дека тоа ќе влијае врз милиони луѓе.

Во последниот септемвриски извештај на агенцијата, се наведува дека 3,2 милиони Сиријци примаат помош преку нејзините програми. сд/

 

Остани поврзан