• петок, 27 декември 2024

Светската организација за заштита на природата апелира за глобална забрана на еднократните пластични производи

Светската организација за заштита на природата апелира за глобална забрана на еднократните пластични производи

Берн, 15 мај 2023 (МИА) – Светската организација за заштита на природата (World Wide Fund) денеска ги повика светските влади да ги поддржат глобалните забрани и постепеното елиминирање на штетните пластични производи за еднократна употреба, како што се пластичните прибор за јадење, електронските цигари, микропластиката во козметиката и слично.

Како што се наведува во соопштението, овој апел доаѓа пред преговорите за договорот на Обединети нации за загадување со пластика, што ќе се одржат во Париз од 29 мај до 2 јуни.

Светската организација за заштита на природата нарача серија нови извештаи, објавени денеска, кои ги идентификуваат најштетните пластични производи кои ја загадуваат животната средина и предлагаат глобални контролни мерки потребни за елиминирање, намалување или безбедно управување со овие предмети.

Организацијата се залага овие мерки да бидат вклучени во текстот на договорот што ќе биде објавен пред следната рунда преговори во декември 2023 година. ми/

Остани поврзан