• сабота, 23 ноември 2024

Светската боречка федерација во Кочани одржува еднонеделна обука за тренери и судии

Светската боречка федерација во Кочани одржува еднонеделна обука за тренери и судии
Кочани, 7 мај 2022 (МИА) – Светската боречка асоцијација во соработка со Боречката федерација на Република Северна Македонија и Македонскиот олимписки комитет во Кочани одржува еднонеделна обука за тренери и судии, на која предавачи се еминентни едукатори од Хрватска и Бугарија. На обуката учествуваат 40 тренери од сите боречки клубови и 15 судии од земјава, при што преку теоретски предавања и практични активности на душек ги учат базичните, но и напредните нивоа за новитетите во правилата на борењето. -Задоволни сме што за обуката добивме врвни познавачи на борењето од светски ранг со оглед што едукатор за тренерите е поранешниот бугарски шампион Георги Средков, а едукатор за судиите е Давор Петањек од Хрватска. На сликовит и практичен начин тие на учесниците на обуката им ги доближуваат и разјаснуваат вештините и правилата во пристапот, однесувањето на душекот и водењето на борбата. Особено нè радува што нашите тренери и судии максимално се вклучени и се трудат да стекнат повеќе знаења за да можат понатаму да им ги пренесат на борачите. Наша цел е да успееме да го издигнеме борењето во нашата држава на повисоко ниво, со примена на новите трендови што важат во светото, истакна Драгана Карова, секретарка во Боречката федерација на Република Северна Македонија. На крајот од седумдневната обука ќе се одржи практичен дел со тестирање на стекнатите знаења, а учесниците ќе добијат меѓународно признати сертификати од Светската боречка федерација.та/вј/

Остани поврзан