• вторник, 24 декември 2024

Светската атлетика најави ново натпреварување – Ултимејт Чемпионшип, стартува од 2026

Светската атлетика најави ново натпреварување – Ултимејт Чемпионшип, стартува од 2026

 

Лондон, 22 ноември 2024 (МИА) – Ново атлетско екипно натпреварување наречено Ултимејт шампионат (Ultimate Championship) претстави денеска Меѓународната атлетска федерација кое премиерата ќе ја има во септември 2026 година и ќе значи промена за самата атлетика, изјави првиот човек на светската атлетика Себастијан Коу.

„Новиот Ултимејт шампионат 2026 година ќе биде врв на извонредност во година без светски првенства или Олимписки игри и ќе биде отскочна штица за иновации во спортот, рече Коу на прес-конференција во Будимпешта.

Првото издание на ова ново натпреварување ќе се одржи од 11 до 13 септември 2026 година во главниот град на Унгарија. Потоа ќе се организира на секои две години.

Наградниот фонд ќе изнесува рекордни 10 милиони долари, а секој победник ќе биде награден со 150.000 долари.

Речиси 400 атлетичари ќе се натпреваруваат во различни атлетски настани, вклучувајќи ги и 100 метри, 800 метри, скок со стап, скок во височина и новата штафета 4×100 метри мешано. Дисциплините во кои спортистите ќе се натпреваруваат на Ултимејт шампионатот се: 100 м, 200 м, 400 м, 800 м, 1500 м, 5000 м, 100 м/110 м со пречки, 400 м со пречки, скок со стап, скок во височина, трискок (жени), кладиво (мажи), фрлање копје и мешана штафета 4×100м и 4×400м.

„Сакаме на нашите фанови да им понудиме атлетика каква што досега не виделе со најдоброто во светот на атлетиката“, рече Коу. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан