Светот во 2024/САД - Избори како никогаш досега и паразит што изел парче од мозокот на Кенеди
- Главниот настан во САД денес е победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори 2024 година. Во трката против демократската кандидидатка Камала Харис тој го подобри резултатот од 2020 година во повеќе сојузни држави и лесно успеа да стигне до победа со освоени 270 електорални гласа. Конечиот резултат е 312 гласа за Трамп наспроти 226 за Харис.
27 декември 2024
Невообичаена изборна кампања во која еден претседателски кандидат се повлече од трката, обиди за атентат врз друг кандидат, но и – црв во мозокот на трет. Како и дрско убиство на директор на компанија за здравствено осигурување, уривање на важен мост и затемнување на Сонцето.
Овие не се сите настани што ја одбележаа 2024 година во САД, но се едни од најважните кои го држеа вниманието на американската јавност со месеци. Покрај оние меѓународните, како војните на Израел во Газа и на Русија против Украина.
Главниот настан во САД денес е победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори 2024 година. Во трката против демократската кандидидатка Камала Харис тој го подобри резултатот од 2020 година во повеќе сојузни држави и лесно успеа да стигне до победа со освоени 270 електорални гласа. Конечиот резултат е 312 гласа за Трамп наспроти 226 за Харис.
Трамп, кој од 2017 до 2021 година служеше како 45. претседател на САД, се очекува наскоро (повторно) да биде инаугуриран како 47. претседател. Во историјата, само еден поранешен шеф на државата успеал да се врати во Белата куќа по претрпен пораз и четири години пауза – Грувер Кливленд во 1893 година.
Втор по важност настан во САД годинава беше доброволното излегување од трката на Џо Бајден, откако веќе беше избран за претседателски кандидат од Демократите. Редок и несебичен чин за еден актуелен претседател, Бајден се повлече од трката на 21 јули по поразителната дебата со Трамп неколку недели претходно. Цел јули демократите беа во режим на паника и решија да ја изгласаат потпретседателката Камала Харис да го замени Бајден, а во една избрзана процедура со онлајн гласање и надвор од утврдените правила на изборните органи на ДНЦ.
Харис организираше солидна кампања со привлекување донации од неколку милијарди долари, рекорд во досегашните предизборија, но сепак и тоа не беше доволно да ја надмине популарноста на Трамп (кој во меѓувреме во Флорида преживеа опасност од уште еден атентат), и кој засилено митингуваше на темите што најмногу ги засегаат Американците, неефективна економија и инфлацијата за време на Бајден, како и рекордниот број илегални имигранти пропуштени на јужната граница со Мексико.
Останати две вести кои го привлекоа вниманието на Американците е осудата на Трамп во случајот со поткуп на порно актерка да молчи за нивната одамнешна врска,и откровението на претседателскиот кандидат Роберт Ф. Кенеди помладиот дека преживел мозочна тенија.
Важно е да се напомене дека сите обвинеија или судeња против Трамп, четири криминални и две граѓански, вклучително и тужбата против него подигната од специјалниот обвинител Џек Смит за преиначување на резултатот од изборите во 2020 година и неправилно ракување со доверливи документи, беа прекинати и отфрлени со неговата победа на изборите.
Американците исто така беа вџашени од фактот за сериозните здравствено пролеми што го имал Кенеди, вклучително и паразит кој што, според него, изел парче од неговиот мозок. За иронијата да биде поголема, политичарот од маргините кој за време на пандемијата стана познат по антивексерските ставови и други теории на заговор како укинување на флуорот во водоводот, е номиниран за министер за здравство во новата администрација на Трамп.
Неуспешниот атентат врз Трамп на митинг во Батлер, Пенсилванија што се случи на 13 јуни ја држеше јавноста на работ со денови. За среќа, атентаторот промашил за еден сантиметар и Трамп ја избегна смртта, поминувајќи со гребнатинка на увото. Сепак, настанот помина трагично, со оглед на тоа дека еден поддржувач загина, а двајца беа критично ранети. Фотографиите на известувачите од митингот што го покажуваат Трамп со раскрварено лице како подига тупаница и вели „борете се“, го заобиколија светот и непланирано го направија мега-популарен меѓу електоратот, со високи шанси за победа на изборите.
Двата главни меѓународни настани што го држеа, и се уште го држат вниманието на Американците се војната на Израел во Газа, која што се уште трае и покрај напорите за примирје од страна на американската дипломатја предводена од Ентони Блинкен; и затегнатиот и продолжителен конфликт во Украина, каде Русија води воена кампања за уништување на украинскиот идентитет и суверенитет, оценета од многу набљудувачи за геноцидна, вклучелно и од хуманитарните организации „Амнести интернејшанл“ и од Советот за човекови права на ОН.
Трамп вети дека ако биде избран брзо ќе ја заврши војната во Украина, па дури и пред 20 јануари кога е неговата инаугурација. Иако тоа изгледа нереално. Од неодамнешна анкета се дознава дека половина од Американците се за брз напредок кон мир крај на оваа војна.
Мостот што се урна во близина на пристаништето Балтимор во март годинава на една од главните сообраќајни артерии во САД, влијаеше на морскиот транспорт и логистиката со што се влошија и онака лошите изгледи за намалување на инфлацијата.
А убиството на 4 декември на Брајан Томпсон, директор на UnitedHealthcare, од страна младиот самотник Луиџи Манџионе, на интернет прогласен за „народен херој“, ги засили дискусиите во САД за безобразно високите цени на здравствените услуги и лековите и одговорноста што за тоа ја имаат приватните компании за здравствено осигурување.
Борис Камчев