• петок, 27 декември 2024

Светниколските ученици го одбележаа Светскиот ден на физичка активност

Светниколските ученици го одбележаа Светскиот ден на физичка активност

Штип, 10 мај 2021 (МИА) - Под мотото „Спортувај за здравје“ , учениците на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ - Свети Николе, денеска со возење на велосипед на велисипедската патека во училишниот двор го одбележаа 10 Мај - Светски ден на физичката активност.

Сашо Велковски, градоначалникот на Општина Свети Николе, вели дека општината вложува во организирање на спортски настани и промоција на спортот и рекреацијата меѓу младите која е клучна за развојот на младите и децата во развој. - Наскоро најавуваме реконструкција на ракометното игралиште на Градскиот стадион и поставување на гумена подлога во Свети Николе и изградба на ново детско игралиште со специјална подлога кај Детската градинка „Рахилка Гонева“, вели Велковски.

Посочува дека спортувањето за здравје е со цел да го спречи ризикот од хронични заболувања и да се подобри квалитетот на живот и менталното здравје. вдј/ар/

Остани поврзан